Pentium и Celeron брендовите ново име

by | Jun 15, 2023 | Новости

Следната година, Intel планира да ги прекине брендовите Pentium и Celeron. Овие процесори ќе се обединат под заедничкиот бренд “Intel Processor”. Оваа промена ќе влијае на идните лаптопи и десктоп компјутери, како и на уредите кои веќе се на пазарот. Со ова ребрендирање, компанијата сака да го олесни изборот на лапотоп за корисниците со ограничен буџет, без да ги збунува со голем број различни процесори. Ова значи дека купувачите ќе имаат две главни ознаки за процесорите: “Intel Core” како премиум модел и новиот “Intel Processor” бренд за буџет-варијанти.

Ова ребрендирање ќе го упрости изборот, бидејќи процесорите на Intel и до сега беа обележани со многу различни ознаки, понекогаш и за исти процесори. На пример, Intel Core процесорите имаат низа различни серии, како U-серија, P-серија, H-серија, HX-серија, Y-серија, S-серија и K-серија. Овие ознаки обично укажуваат на потрошувачката на електрична енергија и перформансите на процесорот. На пример, U-серијата се користи во тенки лаптопи, додека H-серијата се користи во гејминг лаптопи.

Pentium серијата се појави во 1993 година како ознака за врвните процесори во тоа време. Потоа, во 2006 година, кога беше воведен брендот Core, Pentium стана ознака за процесори во средниот опсег. Слично, Celeron, кој се појави во 1998 година, беше ознака за евтините процесори со помалку перформанси. Во моментов актуелните Celeron серии се користат во дел од Chromebook и поевтини лаптопи.

Суштината на ребрендирањето е обединување на Celeron, Pentium Silver и Pentium Gold процесорите под еден заеднички бренд. Процесорите и понатаму ќе постојат и ќе се разликуваат помеѓу себе, како што извести XDA Developers.

0 Comments

Submit a Comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *