Графичките картички се враќаат на пазарот

by | Jun 15, 2023 | Новости

Добри вести на крајот од долг период на недостиг на графички картички: Nvidia, во својот финансиски извештај за второто тримесечје, истакна намален интерес за овие компоненти. Тоа доведе до нагомилување на графички процесори во складиштата на Nvidia и донесе финансиска неусогласеност од 1,4 милијарди долари според нивните предвидувања.

Интересот е толку намален затоа што Nvidia престана да испраќа графички процесори до нивните партнери, компаниите кои произведуваат графички картички и лаптопи. Тие сега ќе треба да ги распродадат постоечките делови пред да добијат нови испораки од Nvidia.

На почетокот на ковид пандемијата, интересот за хардвер беше голем, поради голем број на луѓе кои купуваа графички картички. Видеоигрите беа една од главните форми на забава, но сега интересот значително спаднал.

Ситуацијата со војната во Украина и рецесијата, секако, допринесуваат кон намалениот интерес за поскап хардвер. Исто трака графичките картички беа популарни меѓу крипто-копачите. Значајно, падот на цените на криптовалутите имаат влијание на интересот, како и промените во копањето на Ethereum, кое од септември нема да бара моќен хардвер.

Ова покажува колкав дел од пазарот беше поддржуван од копачите. Nvidia исто така имаше тешка задача да предвиди како ќе влијае овој пад на интересот врз графичките картички. Иако предвидеа намален интерес во гејминг сегментот, не очекуваа толку голем пад.

Се предвидува дека цените на графичките картички ќе продолжат да паѓаат и во следниот период поради намалениот интерес. Nvidia ќе се соочи со предизвик да продава RTX 3000 серијата заедно со новата RTX 4000 серија поради помал интерес на купувачите, како што известува ArsTechnica.

0 Comments

Submit a Comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *